„САД ИМААТ ЗАМЕШАНО ПРСТИ ВО УДАРОТ ВРЗ НАТАНЦ“ Техеран тврди дека напаѓа во самоодбрана и дека не сака проширување на конфликтот

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, откри дека шестиот круг преговори со САД бил откажан, но Иран бил подготвен да даде гаранции.

682

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека воените напади врз Израел се акт на самоодбрана и дека Иран не сака проширување на конфликтот кон соседните земји, освен ако не биде присилен.

– Нашата воена реакција е базирана на правото на самоодбрана – рече Арагчи, нагласувајќи дека нападите се одговор на претходните израелски воздушни напади, вклучувајќи го и нападот врз нуклеарниот објект во Натанц.






Тој побара од САД да ги осудат израелските напади и изрази сомнеж во тврдењето дека Вашингтон не бил вмешан.

– Ние не веруваме дека САД немаат улога во нападите врз нашиот нуклеарен објект – изјави шефот на иранската дипломатија.

Арагчи нагласи дека Иран останува цврст во ставот дека не поседува нуклеарно оружје, но истовремено го брани своето право на мирнодобска нуклеарна програма. Тој откри и дека шестиот круг преговори со САД бил откажан, но Иран бил подготвен да даде гаранции.

– Израел е противник на секое дипломатско приближување меѓу Иран и САД – додаде тој.

🎥 ИРАН ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ ИЗРАЕЛ, ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 8 ЛУЃЕ Пазешкијан се закани со уште потежок и посилен удар

Поврзани содржини