САД донираa Biosafety level 3 лабораторија на Институтот за јавно здравје
Со оваа донација од близу 570.000 долари, вкупната помош којашто САД ја дадоа на нашата земја да се зајакне целокупниот здравствен систем изнесува близу 2 милиони долари.
САД донираa микробиолошка лабораторија со Biosafety level 3 на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која ќе биде регионален центар каде ќе може да бидат детектирани секаков тип патогени предизвикувачи на било каква болест.
– Оваа надградба е единствена во регионот и има biosafety level 3, што значи дека се на соодветен начин акредитиран за да детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест – изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска по посетата на Институтот заедно со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз и со директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети.
Проектот што е донација од САД е започнат во 2018 година, пред да започне пандемијата.
– Ова е важен ден затоа што имам можност да го посетам финализирањето на проектот кој го започнавме уште во 2018 година. Проектот се реализираше и во услови на пандемијата и да се види крајот на овој проект ја потенцира заложбата на сите засегнати страни. На овој начин се потврдува дека со правилна инвестиција може да се реализираат чуда. Особено сум горда што ова нуди нов потенцијал за напредување. Една од работите што ја научивме од пандемијата е дека можеме да ги победиме глобалните предизвици само со заеднички напор, со инвестирање во лекарите, во научниците. Како и во САД и тука вашите лекари и научници беа предводници на тој пат – изјави амбасадорката Брнз.
– Посебна чест ми е да искажам кон народот на САД кои преку нивната амбасара на Северна Република Македонија и преку канцеларијата за одбрана покажаа разбирање и спремност за ова реновирање, како и за донираната опрема во текот на целокупната пандемија – изјави директорот на Институтот за јавно здравје д-р Шабан Мемети.
Со оваа донација од близу 570.000 долари, вкупната помош којашто САД ја дадоа на нашата земја да се зајакне целокупниот здравствен систем изнесува близу 2 милиони долари.