САД БИ ГО БРАНЕЛЕ ТАЈВАН АКО КИНА ГО НАПАДНЕ Сепак, Бајден не го охрабрува островот да прогласи независност

Во интервју за Си-Би-Ес, на прашањето „дали Американците би го бранеле Тајван во случај на кинеска инвазија“, тој одговори „да, доколку би дошло до напад без преседан“.

229

Американските сили би го бранеле Тајван, доколку Кина го нападне островот, изјави претседателот на САД, Џо Бајден.

Во интервју за Си-Би-Ес, на прашањето „дали Американците би го бранеле Тајван во случај на кинеска инвазија, тој одговори „да, доколку би дошло до напад без преседан.






Бајден нагласи и дека „не го охрабрува островот да прогласи формална независност.

– Тоа е нивна одлука – додаде американскиот претседател.

Како што пишуваат некои медиуми, Бајден ја даде изјавата во време кога има значително приближување на САД и Тајван, но и во период кога односите меѓу Пекинг и Вашингтон се на најниско ниво во изминатите неколку децении, пренесува Бета.

Поврзани содржини