Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, изјави дека 10.000 илјади евра отштета кои ги бара од ВМРО-ДПМНЕ, ако ги добие на суд, ќе ги донира во хуманитарни цели. Таа рече дека побарала извинување од партијата и повлекување на спотовите во изборната кампања, но оти тоа не се случило, поднела тужба.
– Сметам дека таа сума е реален износ, повеќе симболичен, а доколку со правосилна пресуда ми биде досуден износот, сакам да го донирам во СОС Детското село – изјави Русковска.
Таа покрена тужба пред граѓанскиот суд против ВМРО-ДПМНЕ за отштета од 10.000 евра, бидејќи партијата го користела нејзиниот лик за време на предизборната кампања.