РУСКИ НАУЧНИЦИ ПРИЗВЕДОА ПРОЅИРНО ДРВО Се право со посебен третман на обично дрво

Може да се користи за изработка на панели, прегради, мебел и декоративни елементи што создаваат меко, дифузно осветлување и создаваат поудобна и естетски пријатна средина.

0

Научниците од Сибирскиот универзитет за инженерство и биотехнологија развија и патентираа материјал за градежништво и дизајн што ветува. Се работи за тнр. „проѕирно дрво“, објави руското Министерство за образование и наука.

„Научниците развија и патентираа нов метод за производство на проѕирно дрво, материјал којшто ја комбинира природната естетика на дрвото, неговата цврстина и способност за пренесување на светлина. Овој развој е поврзан со хемијата и отвора нови можности за употреба на дрвото во градежништвото, дизајнот на ентериер и создавањето на современи завршни материјали. Материјалот е направен од дрвена подлога којашто се подложува на процеси на делигнификација и белење, а потоа се третира со посебно средство. Како резултат на тоа, дрвото добива висока оптичка пропустливост, а истовремено ја задржува својата природна структура и механичка цврстина. За овој развој веќе е доделен патент“, соопшти Министерството.

Според наводите, „проѕирното дрво комбинира издржливост, сигурност и впечатливи украсни својства, што го прави популарно за широк спектар на апликации“, велат руските научници. Проѕирното дрво може да се користи за изработка на панели, прегради, мебел и декоративни елементи што создаваат меко, дифузно осветлување и создаваат поудобна и естетски пријатна средина.

Предност, според истражувачите е и заштедата на енергија, бидејќи проѕирното дрво овозможува дневната светлина полесно да влегува во зградите, намалувајќи ја потребата од вештачко осветлување во текот на дневните часови.

Поврзани содржини