„РУСИЈА ТРЕБА ДА ПОЧНЕ ДА АПСИ АМЕРИКАНЦИ И ЕВРОПЕЈЦИ“ По апсењето на рускиот блогер Медведев бара „пополнуваење на фондот за размени“

Руските дипломати ќе ги утврдат причините за приведувањето на Звинчук во Црна Гора, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјава за телевизискиот канал „Ѕвезда“.

112

Русија веројатно ќе мора да го пополнува својот „фонд за размена“ со Европејци и Американци за да може да ги ослободува своите граѓани приведени во Европа – изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, по апсењето на познатиот руски воен блогер Михаил Звинчук во Црна Гора.

Звинчук, раководител на рускиот канал на апликацијата Телеграм „Рибар“ и поранешен вработен во руското Министерство за одбрана, беше уапсен утрово во градот Рисан во акција на црногорските безбедносни служби, објави црногорскиот весник „Вијести“.






– Сега, сосема е можно дека ќе мора да го пополнуваме фондот за размена со Европејци и Американци за да ги извлекуваме нашите – напиша Медведев, поранешен претседател и премиер на Русија, на својот канал на апликацијата Телеграм.

– Нема друг начин: кога живееш со волци, урлаш како волк – додаде тој.

Медведев оцени дека Русите грешат кога патуваат во европските земји, дури и кога имаат добри намери и важни цели.

– Потенцијално, на сите Руси, и нагласувам – на сите, им е објавен лов. Не ги спасуваат ниту визите, ниту поканите, ниту какви било гаранции. Може да биде уапсен секој, особено ако ја кажува вистината за западните земји и Европската Унија – истакна Медведев.

Руските дипломати ќе ги утврдат причините за приведувањето на Звинчук во Црна Гора, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјава за телевизискиот канал „Ѕвезда“.

– Нашите дипломати ќе ги разјаснат причините за приведувањето и, како и во случаите со сите руски државјани, ќе се зафатат со заштита на неговите права – изјави Песков.

 

ШЕФОВИТЕ НА РУСКАТА ХИБРИДНА МРЕЖА „РИБАР“ УАПСЕНИ ВО ЦРНА ГОРА Михаил и Валерија Звинчук наводно снимале документарно видео

 

Поврзани содржини