РУСИЈА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ УКРАИНА СО 200 ДРОНОВИ И РАКЕТИ Киев цела ноќ соборувал „кинжали“, „искандери“ и беспилотни летала
Руските вооружени сили ноќеска ја нападнале нафтената рафинерија во украинскиот град Кременчук, која, според Москва, снабдува гориво за украинските сили во Донбас.
Руските сили ноќеска извршија масовен напад врз Украина со вкупно 194 беспилотни летала и ракети, соопшти украинското воено воздухопловство.
Од нив, 167 биле неутрализирани, а 48 не се знае каде завршиле.
Меѓу соборените проектили биле 111 дронови, 2 хиперсонични проектила „кинжал“, 3 ракети „искандер-К“ и 3 „калибр“.
Нападната е нафтена рафинерија во Кременчук
Руските вооружени сили ноќеска ја нападнале нафтената рафинерија во украинскиот град Кременчук, која, според Москва, снабдува гориво за украинските сили во Донбас.
Според соопштението од руското Министерство за одбрана нападот бил изведен со ракети и дронови, и бил успешен.
Москва тврди дека нејзините сили презеле контрола врз селото Малиновка и навлегле длабоко во Сумската област, каде, како што велат, украинската армија претрпела сериозни загуби. Сепак, Русија досега официјално нема барања за анексија на Сумската област, иако наведува дека таму би воспоставила безбедносна зона.
Од друга страна, пак, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера соопшти дека украинската армија повторно ја презела контролата врз селото Андреевка во североисточниот дел на Сумската област.