РОНАЛДО ОСТАНА БЕЗ ФИНАЛЕ Jапонски Кавасаки го победи Ал Наср, ќе игра со Ал Ахли за титула

Уште во 10 минута, Ито му донесе водство на Кавасаки пред Ал Наср од 1-0, но таа предност ја анулираше Садио Мане во 28 минута. Јапонскиот тим повторно дојде во водство на крајот од првото полувреме кога Озеки постигна гол за 2-1, додека Иенага стави печат на победата во 76 минута.

337

Саудиски Ал Наср, предводен од својата најголема ѕвезда, Португалецот Кристијано Роналдо, остана без пласман во финалето во Азиската лига на шампиони, откако вечерва во полуфиналето сензационално беше поразен од јапонски Кавасаки со 3-2.

Уште во 10 минута, Ито му донесе водство на Кавасаки од 1-0, но таа предност ја анулираше Садио Мане во 28 минута. Јапонскиот тим повторно дојде во водство на крајот од првото полувреме кога Озеки постигна гол за 2-1, додека Иенага стави печат на победата во 76 минута.






До крајот, Ал Наср успеа само да го намали резултатот на 2-3 со голот на Аиман Јахја во 87-та минута.

Противник на Кавасаки во финалето во Азиската лига на шампиони ќе биде саудиски Ал Ахли кој во вторникот го победи Ал Хилал со 3-1.

Финалниот натпревар помеѓу Ал Ахли и Кавасаки е закажан за в сабота, со почеток во 18:30 часот. И двата тима се борат за својот прв трофеј во историјата на Азиската лига на шампиони.

Поврзани содржини