РОНАЛДО НАЈАВИ ПЕНЗИЈА ВО 2027 ГОДИНА Иднината по фудбалската кариера му е целосно испланирана

1

Кристијано Роналдо во интервју за магазинот „Вог“ зборуваше за тоа кога планира да се пензионира од фудбалот, што најверојатно ќе се случи на крајот на сезоната која штотуку започна.

Роналдо има договор со клубот Ал Наср до 2027 година.






– Ова најверојатно ќе биде мојата последна година во фудбалот и сакам да оставам спектакуларно наследство во наредните месеци. Не се плашам за тоа што следи, иднината по фудбалската кариера ми е целосно испланирана. Имам многу работи обврски кои ќе прават да имам секојдневна работа, не можам да ви кажам само една работа што ќе ја правам. Фудбалот ќе остави голема празнина, па ќе правам повеќе работи за да го надополнам тоа. Очекувам интересен период по крајот на мојата кариера. Очекувам да биде забавно, да патувам повеќе, да се шетам, да играм и да гледам падел и да продолжам да уживам во тоа што го стекнав и што допрва ќе го стекнам – рече Роналдо.

Поврзани содржини