РОКАС ДАДЕ ПОДДРШКА ЗА ДОСЕГАШНИОТ НАПРЕДОК НА СКОПЈЕ Титулата Европска престолнина на културата е најсилната иницијатива за поврзување

Истражувањата покажуваат дека во градовите со силна културна сцена се намалуваат омразата, популизмот и дезинформациите, рече амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, на денешниот настан по повод „Скопје – европска престолнина на културата 2028“.

0

Титулата Европска престолнина на културата е една од најсилните европски иницијативи за поврзување на културата, демократијата и урбаниот развој, истакна амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас на денешната конференција „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во рамки на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“.

Амбасадорот потсети дека оваа иницијатива постои од 1985 година и носи значајни економски и социјални придобивки.

Истражувањата покажуваат дека во градовите со силна културна сцена се намалуваат омразата, популизмот и дезинформациите, нагласи тој, додавајќи дека културата гради мостови врз вредностите на мирот, слободата и демократијата.

Тој изрази поддршка за досегашниот напредок на Скопје, но додаде и дека градот има уште многу работа пред себе.

– Ова е моментот кога треба да ги здружиме силите, бидејќи Европската Унија е со вас на ова патување, со своето срце и поддршка – порача амбасадорот на ЕУ.

На денешната меѓународна конференција која се одржа во организација на Град Скопје, културата беше посочена како клучен двигател на урбаниот развој, социјалната кохезија и новиот идентитет на Скопје, а проектот беше оценет како заедничко дело на граѓаните, институциите и меѓународните партнери.

СКОПЈЕ 2028 НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ САМО ПРОСЛАВА Ѓорѓиевски бара трајни промени бидејќи културата не е украс, туку мотор на градот

Поврзани содржини