СЕ СУДРИЈА ДВА КАМИОНА И АВТОМОБИЛ НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Сообраќајот се пренасочува

Околу 13.30 часот се судриле камион „ман“, камион „мерцедес“ и патничко возио „мицубиши“ со романски национални ознаки, соопшти полицијата.

0

Се судрија два камиона и автомобил на скопската обиколница, кај  клучката Стајковци, соопшти полицијата.

“Денеска (23.4.2026 година) околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, во правецот од Тетово кон Велес, кај клучка Стајковци, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки и патничко возило „мицубиши“ со романски национални ознаки. Сообраќајот на обиколницата во правец Тетово-Велес, поточно кај клучка Радишани, е пренасочен кон локалниот пат Бутел-Љуботен, сè до завршување на увидот на лице место на сообраќајната несреќа“, соопшти полицијата.

Засега нема информации за жртви или за повредени во несреќата.

Поврзани содржини