РИЈАНА ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТА ПО РАЃАЊЕТО НА СИНОТ Фановите во неверување ја снимаа на место каде што не ја очекуваа! (ВИДЕО)

Парот е забележан заедно со бројни следбеници во една лондонска населба, поточно во берберница од која еден од следбениците сподели видео на Инстаграм.

390

Пејачката Ријана во мај стана мајка на мало момче, а за првпат по породувањето ја напушти вилата во која живее со партнерот АСАП Роки. Таа го направи тоа за да го поддржи раперот на неговиот настап во Лондон.

Славната двојка е забележана заедно со бројни следбеници во една лондонска населба, поточно во берберница од која еден од следбениците сподели видео на Инстаграм. Недолго потоа и самата Ријана објави фотографија од истиот салон, а во позадина можеа да се видат верните фанови со мобилни телефони во рацете кои сакаа да го снимат овој момент.






„Поминував покрај салонот и ја видов ѕвездата која ми е идол“, напиша следбеник под видеото кое го објави на својот профил.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by fifi (@afiya_muir)


Да потсетиме, и покрај бројните скандали кои се поврзуваа со оваа двојка во изминатите неколку месеци, Ријана и Роки јавно не се огласуваат на социјалните мрежи.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини