РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА Поквалитетно снабдување за жителите на неколку улици

1

Во тек е реконструкцијата на водоводната мрежа на улица 150, со што се реализира последната фаза од комплексот на улици 150, 170 и 210, соопшти ЈКП „Водовод“ – Битола.

Со завршувањето на оваа фаза ќе биде заокружена реконструкцијата на водоводната мрежа во целиот опфат, со цел подобро, посигурно и поквалитетно водоснабдување на жителите од овој дел на Битола.

Реконструкцијата е дел од реализацијата на инфраструктурните активности во рамки на БРЛ 4.

 






Поврзани содржини