РАСТЕ ТЕНЗИЈАТА ВО КОСОВО Српски борбени авиони го надлетуваат преминот Јариње (ВИДЕО)
Денеска околу пладне, преминот Јариње го надлетувале авиони на српската војска, слично на борбените хеликоптери кои вчера летаа во таа област. Појавата на авионите демонстрантите ја поздравиле со аплауз и извици „Србија, Србија“.
Не стивнува тензијата на двата гранични премини Јариње и Брњак на Косово, каде што се распоредени специјални сили на косовската полиција „Росу“. На северот на Косово од Србија може да се помине само пеш, а револтот започна откако Приштина одлучи да ги заменува регистарските таблички од возилата кои ќе влезат од страната на Србија.
И единиците на српската војска се во највисока борбена готовност во гарнизоните Рашка и Нови Пазар.
Денеска околу пладне, преминот Јариње го надлетувале авиони на српската војска, слично на борбените хеликоптери кои вчера летаа во таа област. Појавата на авионите демонстрантите ја поздравиле со аплауз и извици „Србија, Србија“.
Освен тоа, на Јариње и на Брњак е мирно. Помалку луѓе има на Брњак, отколку на Јариње. Неспоредливо помалку има и полиција на пунктот кон Брњак.
Два камиони полни со песок се поставени како барикади преку еден од мостовите каде Србите протестираат поради присуството на специјалната полиција и воведувањето на пробни таблички за автомобилите од Србија.