„ПУТИН МИ СЕ ЈАВИ, СПРЕМЕН Е, ДОЛГО РАЗГОВАРАВМЕ ЗА ТОА“ Трамп е отворен за идејата рускиот претседател да ги смири Израел и Иран
Подготвеност за можно руско посредување изрази и еден од соработниците на Путин, Кирил Димитриев, кој кажа дека Русија би можела да игра „клучна улога“ како посредник во обидите да се спречи ескалацијата.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е отворен за идејата рускиот претседател Владимир Путин да посредува за смирување на конфликтот меѓу Израел и Иран.
Трамп во интервју за Еј-Би-Си, рече дека за оваа можност станало збор во вчерашниот телефонски разговор со Путин.
– Ми се јави. Тој е подготвен. Долго разговаравме за тоа. Верувам дека ова ќе се реши – истакна Трамп.
Подготвеност за можно руско посредување изрази и еден од соработниците на Путин, Кирил Димитриев, кој кажа дека Русија би можела да игра „клучна улога“ како посредник во обидите да се спречи ескалацијата.
Трамп, претходно, на својата социјална мрежа Truth Social, објави и дека Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор.
– Иран и Израел треба да постигнат договор и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор – напиша Трамп.
Сепак, во интервјуто за Еј Би Си, најави и можност за натамошна ескалација и вклучување на САД во конфликтот.
– Ние не сме вклучени во тоа. Можно е да се вклучиме, но во овој момент не сме вклучени – рече Трамп.
ТРАМП МУ ЗАБРАНИЛ НА ИЗРАЕЛ ДА ГО УБИЕ ХАМЕНЕИ?! Иран ја нападнал резиденцијата на Нетанјаху