Денеска во раните утрински часови дојде до испад во трафостаницата Битола 2 инициран од птица која прелетала во делот на 110 kV собирница при што дошло до прескок со еден од порталите на истата собирница, соопшти МЕПСО.
„Испадот предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија во траење од половина час, но со навремена реакција на вработените во Подружницата ОПМ (вработените во Одделот ТС, Одделот ТКОИ, Одделот Релејна заштита и Одделот ДВ) се беше вратено во првобитната состојба а снабдувањето со електрична енергија е нормализирано и се одвива непречено“, соопштија од МЕПСО.
Оттаму додаваат дека штетите врз опремата од денешниот испад се незначителни, поради фактот што АД МЕПСО – Скопје располага со кадар кој е еден од најдобрите во регионот и ваквите брзи и навремени интервенции се дел од нивната секојдневна работа.
Случаи од ваков тип, птица да предизвика испад во напојувањето, се исклучително ретки но за жал не и невозможни, додаваат од МЕПСО.
Проблемот во трафостаницата на МЕПСО што се наоѓа во непосредна близина на РЕК Битола, рано утрово предизвика испад на Блок 1 и Блок 3 од електроенергетскиот систем.
ИСКЛУЧЕНА Е ТЕЦ БИТОЛА Проблем во трафостаница на МЕПСО го предизвикал испадот