ПРОТОКОЛОТ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ ПРЕД ДА ГО ПОТПИШЕМЕ И Бугарите се незадоволни од предложениот компромис

Османи вели дека во Протоколот, како и во целиот француски предлог нема ништо спорно, како и дека и Бугарите се незадоволни од предложениот компромис.

990

Министерот за надворешни работи Бујар Османи за ТВ24 изјави дека Протоколот ќе биде објавен пред да биде ставен потпис на него.

Османи вели дека во Протоколот, како и во целиот француски предлог нема ништо спорно, како и дека и Бугарите се незадоволни од предложениот компромис.






– Тие не се задоволни, затоа што треба да признаат македонски јазик, официјално во Европската Унија. Тие не се задоволни што нема поглавја, што нема одредници, единствено што добија е промена на Уставот за да бидат внесени Бугарите. Ништо повеќе нема во францускиот предлог како компромис, освен тоа – рече Османи.

Поврзани содржини