ПРОТЕКОА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА НАД 600.000 АЛБАНЦИ Мега-скандал ја тресе Албанија

На списокот со кој располага агенцијата „Балкан веб“ пишува дека шефот на државата има месечна плата од 2.106 евра, додека премиерот Рама зема 1.874 евра.

726

Некој ги објавил личните податоци, висината на платата и матичните броеви на 637.138 граѓани на соседна Албанија, меѓу кои и на високи политичари. Јавноста во Албанија можеше да ги види месечните примања на премиерот Еди Рама и на претседателот Илир Мета, како и на многу административци во мега-скандал во кој се скршени основните човекови права за приватност, но и албанскиот Устав, јавува МИА.

На списокот со кој располага агенцијата „Балкан веб“ пишува дека шефот на државата има месечна плата од 2.106 евра, додека премиерот Рама зема 1.874 евра.






Многу повисоки плати од нив имаат петмина вработени во Албанската тајна служба, ШИШ, чии плати се движат од 3.278 до 7.377 евра.

Албанскиот претседател Илир Мета скандалот го оцени како криминален акт, кој го доведува во опасност социјалниот мир во земјата.

– Ги повикувам органите на прогонот и обвинителството веднаш да започнат, да поведат проверки и истраги, да ја утврдат оваа повторена активност на незаконитост, преземајќи без одлагање неопходните мерки за гарантирање на заштитата на личните податоци и изведување пред лицето на правдата на авторите – бара Мета.

Реагираше и опозициската Демократска партија, која побара од премиерот Еди Рама да ја преземе одговорноста, како главен виновник и да поднесе оставка поради предметниот скандал.

Преку објава на Фејсбук реагираше и поранешниот претседател и експремиер Сали Бериша, кој откако искажува осуда за „овој последователен голем супер скандал“ додава дека тој „уште еднаш го докажува црното лице на наркодржавата и главата на медузата, Едвин Рама“.

По објавувањето на личните податоци на албанските граѓани со право на глас пред априлските парламентари избори, локалните медиумите информираа за „нов скандал, кој е спротивен на Законот за заштита на личните податоци“.

Албанскиот претседател Илир Мета напиша на Фејсбук дека објавувањето на платите на Албанците е направено со флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, а според него, станува збор за повеќекратна незаконитост.

Се работи за објава на список на плати, единствени матични броеви и работни места на 637.138 албански граѓани, меѓу кои функционери, политичари, службеници во јавна и државна администрација, како и вработени во приватниот сектор.

 

Мета на Фејсбук пишува дека објавувањето на ваквите податоци претставува флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот и оти се работи за „последователен плод на незаконитост“.

– Од медиумите дознав за јавно објавениот список со чувствителни лични податоци на 637.138 вработени граѓани, со флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, случај на повторена незаконитост. Личните податоци на секој граѓанин, кои се чуваат во јавни институции и се администрираат во државните бази на податоци, се лични, заштитени со закон и се наменети да се користат само за доброто на граѓаните и државата, наведува Мета.

Тој додаде дека секоја поинаква употреба на истите е кривично дело со кое „се загрозува општествениот мир со нарушување на приватната безбедност на секој граѓанин“ и побара итна истрага.

Поврзани содржини