📷 ПРИВЕДЕН ДИЛЕР ВО СТРУМИЦА Кокаин, оружје и полициска опрема најдени во „голф“

Во Струмица уапсен маж од беровско, кај кого и во возилото се пронајдени кокаин, оружје, муниција и делови од полициска опрема.

0

Полициски службеници во Струмица ноќеска лишиле од слобода Н.Џ. од село Двориште, беровско, откако кај него и во неговото возило биле пронајдени дрога, оружје и муниција.

Инцидентот се случил околу 02:00 часот по полноќ, во близина на угостителски објект во Струмица, каде што полицијата извршила контрола врз лицето и возилото во кое се наоѓал.






Според информациите, кај него била пронајдена бела прашкаста материја за која во разговор со полицијата изјавил дека е кокаин.

При дополнителен преглед на автомобилот „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во багажникот биле пронајдени оружје, муниција и делови од полициска опрема за кои постои сомнение дека биле нелегално поседувани.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини