ЛАЖНА ДОЈАВА ЗА ПОЖАР ВО ДОМOT НА ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Пожарникари насилно влегле во станот во Гдањск

Лажна дојава за пожар во домот на полскиот претседател предизвика итна интервенција на пожарникари и отвори нова безбедносна истрага во Полска.

0

Лажна дојава за пожар во семејниот дом на полскиот претседател Карол Навроцки во Гдањск предизвикала итна интервенција на пожарникарите, кои влегле во објектот откако биле алармирани дека има опасност од пожар, јавуваат полските медиуми.

Според информациите, станува збор за уште една во серијата лажни дојави за итни случаи, кои во последните денови ги оптоваруваат службите во Полска.






Портпаролот на претседателот, Рафал Лешкјевич, потврди дека дојавата пристигнала преку бројот за итни случаи 112 и дека службите веднаш реагирале.

– Денеска беше упатен уште еден лажен повик на бројот 112. Овојпат се однесуваше на пожар во семејната куќа на претседателот на Република Полска, Карол Навроцки, во Гдањск. Додека станарите беа отсутни, службите ја пробија вратата и влегоа во станот – изјави Лешкјевич.

Тој предупреди дека ваквите лажни дојави стануваат сериозен безбедносен проблем и дека службите за итни случаи веќе подолг период се под притисок од слични пријави.

– Станува збор за организирани провокации. Метата денес се јавни личности, но утре тоа може да биде секој граѓанин. Потребна е брза и решителна реакција – додаде тој.

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека е во постојан контакт со надлежните институции и дека е свикана итна владина седница.

– Уште една телефонска провокација, овојпат за пожар во семејниот стан на претседателот Навроцки во Гдањск. Во постојан контакт сум со министрите и службите. Акциите на провокаторите се насочени против државната безбедност. Ќе ги искористиме сите механизми за да ги идентификуваме и процесираме – порача Туск.

Службите најавија истрага за идентификување на лицата кои стојат зад лажните дојави.

Поврзани содржини