СТАВИЛ 50 ЕВРА ВО ПАСОШ ЗА „ПОБРЗ ПРЕМИН“ НА ГРАНИЦА Уапсен косовски водич во автобус за поткуп
Косовски државјанин приведен кај Крива Паланка откако во неговата документација била пронајдена банкнота од 50 евра.
Водич во автобус, косовски државјанин, е лишен од слобода утринава кај Крива Паланка под сомнение за давање поткуп, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил денеска (24.05.2026) околу 06:30 часот, кога полициски службеници од Мобилната единица за компензациски мерки при Одделот за гранични работи и миграција запреле автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки.
При контрола на возилото било утврдено дека автобусот го управувал државјанин на Турција, додека косовскиот државјанин Н.Ц. бил во улога на водич во патувањето.
Според информациите, при проверка на неговите документи, во патната исправа била пронајдена банкнота од 50 евра, по што полицијата реагирала и го привела.
Н.Ц. е лишен од слобода по член 358 став 1 од Кривичниот законик – „давање поткуп“ и е спроведен во Полициската станица Крива Паланка.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.