ПРИМИРЈЕТО ДА ПРОДОЛЖИ, НО ПОТОА ТРГНУВАМЕ СО ПОЛНА СИЛА Нетанјаху му рекол на Бајден дека Израел ќе ги постигне целите

Тој посочи оти му рекол на Бајден дека ако и кога ќе заврши примирјето, Израел „ќе тргне со полна сила за да ги постигне целите: да го елиминира Хамас, да се погрижи Газа никогаш да не се врати на она што беше и да ги ослободи сите нивни заложници“.

100

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера му рече на американскиот претседател Бајден дека можноста за продолжување на примирјето со Хамас би била добредојдена во замена за продолжување на ослободувањето на десет заложници дневно од Газа.

– Вечерва вративме уште една група заложници, жени и деца и трогнати сме од сѐ срце, целата нација, кога го гледаме ова семејно обединување. Тоа само ја допира душата. Постои и нацрт кој вели дека е можно да се ослободуваат дополнителни десет заложници секој ден. Тоа би било добредојдено – рече Нетанјаху.






Тој посочи оти му рекол на Бајден дека ако и кога ќе заврши примирјето, Израел „ќе тргне со полна сила за да ги постигне целите: да го елиминира Хамас, да се погрижи Газа никогаш да не се врати на она што беше и да ги ослободи сите нивни заложници“.

Поврзани содржини