Триесет и пет години не се само бројка туку и безброј приказни вткаени во компанијата ЗЕГИН. Секоја година исполнета со надминати предизвици, прославени победи, моменти на неизвесност, донесени храбри одлуки и непоколеблива посветеност на секој поединец кој придонел за растот на компанијата.
Триесет и пет години ЗЕГИН расте и како општествено одговорна компанија со сериозни дела зад себе кои остануваат и траат.
– Подгответе се за настан, каде трчањето се среќава со забавата, а хуманата страна зазема централно место! Придружете се на ZEGIN СПЕКТРАТОН – ТРКА НА ХЕРОИ ВО СИТЕ БОИ! Ова не е ваше типично трчање, ова е прекрасно искуство кое ќе направи да се чувствувате енергично и инспирирано. Да влеземе заедно во 35-тата година од постоењето на ЗЕГИН, затоа на 9. јуни трчајте со нас за една хумана цел – повикуваат од компанијата.
Стартот на трката е закажан за 8 часот со почетна точка во Општина Аеродром пред паркот „Јане Сандански“.
Средствата од секоја котизација ќе бидат донирани во Здружението „Во мојот свет“ со цел побрзо да се изгради првиот дневен центар во регионот за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој.
Побрзајте и пријавете се на следниов линк https://trki.mk/mk
Пријавувањето е отворено до 3 јуни.
За сите детали околу овој голем хуманитарен настан можете повеќе да се информирате на социјалните мрежи
Facebook https://www.facebook.com/zegintrka
Instagram https://www.instagram.com/trka_zegin/
– Не ја пропуштајте можноста да трчате, да се поврзете со истомисленици и заедно да оствариме една голема хумана мисија! Се гледаме на стартната линија – повикуваат организаторите.