ПРЕД ЕВРОСОНГ СЕ БОРЕЛА ЗА ЖИВОТОТ Лара од групата „Лелек“, проговори за трагедијата што ѝ го променила животот

Откако ја претставуваше Хрватска на овогодинешниот Евровизиски натпревар со групата Лелек, Лара Бртан сподели емотивна исповед на Инстаграм за тешката сообраќајна несреќа што едвај ја преживеала и животниот пат што ја довел до евровизиската сцена.

62

Членката на групата Лелек, која ја претставуваше Хрватска на Евровизискиот натпревар оваа година, Лара Бртан, се огласи на Инстаграм со емотивна објава во која проговори за тешкиот период од нејзиниот живот низ кој поминала пред да го оствари својот музички сон.

Лара открила како нејзиниот живот целосно се променил пред две години, по тешката сообраќајна несреќа што едвај ја преживеала.






– Пред две години, мојот живот целосно се промени за само една ноќ. Тукушто наполнив 18 години и наместо да уживам во последната година од средното училиште и да размислувам за иднината, се најдов во болница по ужасна сообраќајна несреќа што едвај ја преживеав. Сè што знаев претходно наеднаш застана. Целиот мој свет се преврте наопаку и долго време не знаев како ќе изгледа мојата иднина – пишува таа.

Призна дека долго време не знаела што носи иднината за неа и дека целиот нејзин свет се превртел наопаку во тој момент. Сепак, токму 2024 година, која ја опишува како една од најтешките и најважните години во нејзиниот живот, ѝ донесе нова можност.

– 2024 беше една од најтешките, најчудните и најважните години во мојот живот. Но, некако, среде целата болка и неизвесност, животот ми даде уште една шанса. Истата година, добив шанса да бидам дел од женски бенд и, иако немав поим каде ќе ме однесе тоа, решив да го преземам ризикот и да му верувам на процесот.

Сега, две години подоцна, стојам тука како дел од истата таа група и ни беше чест да ја претставуваме Хрватска на Евровизискиот натпревар – пишува Лара.

Таа додава дека никогаш не би поверувала дека нешто вакво може да ѝ се случи додека лежела во болнички кревет, нагласувајќи колку може да биде непредвидлив животот. Во емотивната објава, таа им се заблагодари на своите колеги од бендот, на сите луѓе што ги запознала за време на ова патување и рече дека спомените од Евровизискиот натпревар ќе ги носи со себе засекогаш.

– Понекогаш не разбираме зошто ни се случуваат одредени работи, но со текот на времето сè почнува да има смисла – заклучи Лара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝕷𝖆𝖗𝖆 (@lara_brtan)

Поврзани содржини