ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД И ВО КУМАНОВСКАТА НАСЕЛБА СРЕДОРЕК Горат ниска вегетација и ѓубре

0

Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола е еден, а изгаснати се 20 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општина Македонски Брод – во близина на селото Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во кумановската населба Средорек каде што е запалено ѓубре.






Под контрола е пожарот на градската депонија во Делчево.

Поврзани содржини