ПОЖАР БЕСНЕЕ ВО ПЕЛАГОНИЈА Гори крајречна трска кај селата Брод и Гнеотино
Огнот е видлив од општините Новаци и Битола, но нема никаква опасност, изјавија од ТППЕ-Битола, чии екипи се на терен.
По течението на реката Црна во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино гори трска висока и до три метри, изјави за МИА, Горан Димкоски, командир на Територијалата против пожарна единица-Битола.
Димкоски информира дека трската е запалена од околното стрниште кое доцна попладнето го изгаснаа екипи на ТППЕ-Битола и нема опасност по населените места кои се на поголема оддалеченост.
Огнот е видлив од општините Новаци и Битола, но нема никаква опасност, изјавија од ТППЕ-Битола, чии екипи се на терен.