ПОСКАПЕ „СУПЕРОТ“ ОД 95 ОКТАНИ Од полноќ овој бензин ќе се точи за 85 денари по литар
Цените на останатите горива не се менуваат.
Регулаторната комисија за енергетика, одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48%.
Причина за ваквата одлука, како што соопштија од РКЕ, е тоа што референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,561%, кај дизелот за 1,568%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,974% и кај мазутот зголемувањето е за 2,307%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,305%
Според одлуката, малопродажната цена на бензинот „еуросупер -95“ се зголемува за 2,00 ден/лит, додека цените на останатите горива не се менуваат.
Така од полноќ бензинот „еуросупер-95“ ќе се продава по цена од 85,00 денари/литар, „еуросуперот-98“ ќе има цена од 85,50 денари/литар,додека дизелот ќе се продава по цена од 76,00 денари/лита.
Цената на „екстра лесно гориво ќе биде 75 денари/литар, а мазутот ќе се продава по цена од 43,797 денари/килограм.