📽️ ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ ЗАД ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО БИТОЛА Едночасовниот дожд однесе земја и камења

Едночасовниот пороен дожд предизвика поплави и наноси од кал и камења во реонот зад Здравствениот дом во Битола. По невремето, службите излегоа на терен за расчистување на улиците и испумпување на водата.

0

Краткиот, но силен едночасовен дожд вчера поплави повеќе улици во реонот зад Здравствениот дом во центарот на Битола. Надојдената вода носеше земја и камења, поради што беа блокирани делови од улиците, а пријавени се и поплавени објекти и оштетени возила.

Најпогодена беше улицата Дебарска, каде на одредени места се појавија оштетувања на коловозот. Жителите посочуваат дека водата и наносите се слеале кон пониските улици.






По невремето, екипи на локалната самоуправа и јавните претпријатија излегоа на терен и почнаа со расчистување на камењата, земјата и одводните шахти.

Од Регионалниот центар за управување со кризи соопштија дека поројниот дожд траел околу еден час и поплавил куќи, дворови и помошни простории на повеќе локации во Битола. Во расчистувањето и испумпувањето на водата се вклучени ЈП „Нискоградба“, другите јавни претпријатија и Територијалната противпожарна единица.

 

Поврзани содржини