ПОЛСКАТА АВИЈАЦИЈА ПРЕСРЕТНА РУСКИ ИЗВИДУВАЧКИ АВИОН Инцидент над Балтичкото Море
Два полски борбени авиони воспоставиле контакт со рускиот извидувачки авион Ил-20 и му сигнализираа да ја напушти областа.
Министерот за одбрана на Полска, Владислав Кошињак-Камиш денеска изјави дека воени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над меѓународните води во Балтичко Море.
– Ова е прв руски обид, по долго време, да се приближи до нашата поморска граница со цел да ги тестира нашите системи за воздушна одбрана, наведе Кошињак-Камиш.
Два полски борбени авиони воспоставиле контакт со рускиот извидувачки авион Ил-20 и му сигнализираа да ја напушти областа.
– Инцидентот се случи на околу 30 километри од Устка, одморалиште во северозападна Полска на брегот на Балтичко Море, истакна Кошињак-Камиш.
Тој додаде дека тоа е уште еден доказ дека Русија, од почетокот на војната против Укриана, „води хибридна војна“ против Полска, членка на НАТО и ЕУ. Кошињак-Камиш истакна дека Русија со „извидувачки мисии и покажува непријателство кон сите земји од НАТО“.