Полициски службеници од Полициското одделение Ростуше вчера вечерта го уапсиле М.Б.(61) од село во општинa Маврово и Ростуше, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа ја затворил неговата 49-годишна сопруга, физички ја нападнал и ѝ се заканувал, информираат од СВР Тетово.
Околу 19:30 часот полициски службеници ја ослободиле жената, а тој бил приведен и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.