ПОКОЈНАТА АКТЕРКА ЕДВАЈ ЈА ПРЕЖИВЕАЛА СМРТТА НА БРАТОТ ПРЕД 3 ГОДИНИ Џенсен бил пет години помлад од Хејден Панетијер и како и сестра му, многу рано влегол во актерскиот свет

Помладиот брат Џенсен почина на само 28 години од проблеми со срцето, а Хејден Панетијер подоцна отворено зборуваше за болката која никогаш не исчезнала

0

Смртта на Хејден Панетијер повторно во јавноста ја стави и една од најтешките трагедии што го одбележаа нејзиниот живот. Нејзиниот помлад брат Џенсен ненадејно почина во 2023 година, кога имаше само 28 години. Актерката подоцна призна дека неговото заминување го доживеала како да изгубила дел од себе.

Џенсен Панетијер е роден во септември 1994 година, пет години по својата позната сестра. Како и Хејден, и тој многу млад влегол во актерскиот свет. Се појавувал во бројни телевизиски серии и филмови, меѓу кои „Even Stevens“, „Blue’s Clues“, „That’s So Raven“ и „The X’s“, а со сестра му глумел и во филмот на „Disney“ – „Tiger Cruise“ од 2004 година.






Почина поради проблеми со срцето

Џенсен почина на 19 февруари 2023 година во својот дом во Њујорк. Имаше само 28 години. Неговата смрт во почетокот била обвиена со мистерија, а семејството веднаш не открило што се случило. Неколку дена подоцна било потврдено дека станувало збор за здравствен проблем.

За Хејден загубата била особено тешка. Таа била на почетокот на едно ново животно поглавје и се враќала на работа кога стигнала веста која целосно ѝ го променила секојдневието. Само неколку недели по смртта на брат ѝ требало да биде прикажан филмот „Scream VI“, во кој таа се врати во една од своите најпознати улоги.

 

И тој од мал бил пред камерите

Џенсен Рејн Панетијер бил пет години помлад од Хејден. Растел во семејство кое веќе било поврзано со телевизијата. Нивната мајка Лесли Вогел порано се занимавала со глума, додека татко им Алан Панетијер работел како пожарникар. Така, и Џенсен, исто како и сестра му, многу рано влегол во светот на актерството.

Неговата актерска кариера започнала во почетокот на 2000-тите, кога добивал помали улоги во телевизиски серии и филмови. Се појавувал во сериите „Even Stevens“, „Third Watch“, „Everybody Hates Chris“, „Major Crimes“ и „The Walking Dead“, а работел и како гласовен актер. Гласот го позајмувал на ликови во проекти како „Blue’s Clues“, „Racing Stripes“, „Robots“ и „The X’s“.

Иако Хејден подоцна станала далеку поголема холивудска ѕвезда, нивниот однос никогаш не се темелел на нејзината слава. Џенсен во едно од своите постари интервјуа низ шега зборувал за нивната блискост, опишувајќи ја сестра си како личност која секогаш го штитела, но нагласувајќи дека и тој се грижел за неа.

Глумата ја заменил со четката

Како што растел, Џенсен сè повеќе се посветувал на визуелната уметност. Се занимавал со сликарство, цртање и графити, а своите искуства и емоции често ги пренесувал на платно. Неговата креативност по смртта особено ја истакнувал неговиот агент Џејсон Локхарт, кој го опишувал како талентиран уметник со широка насмевка и заразна позитивна енергија.

Се занимавал и со мода и имал свој бренд, а неговата креативност останала дел од семејните спомени. Хејден, на пример, на неговиот погреб носела шарена бомбер-јакна која токму Џенсен ја осмислил.

Помалку од еден месец подоцна, нивниот однос нагло бил прекинат со трагедијата.

Џенсен починал на 19 февруари 2023 година, на само 28 години. Неколку дена по неговата смрт, семејството потврдило дека причина била кардиомегалија, односно зголемено срце, во комбинација со компликации поврзани со аортната валвула. Смртта била прогласена за природна.

Неговото семејство тогаш порача дека ќе ја памети неговата топлина, сочувство и креативност. Зад себе ги оставил родителите, сестра му и кругот на луѓе кои, како што рекле неговите најблиски, го сакале поради личноста што бил, а не поради презимето што го носел.

За Хејден неговото заминување било особено болно. Џенсен не бил само нејзин помлад брат, туку човек со кого го делела детството, првите чекори пред камерите и исклучително блиската врска. Години подоцна таа отворено зборувала за тоа колку неговата смрт ја променила.

Особено емотивно е што една од неговите последни објави на Инстаграм била фотографија на која Хејден го шиша. Фотографијата ја објавил на 25 јануари 2023 година, само неколку недели пред смртта, со духовит опис кој ја покажал нивната блискост.

„Чувствував како да изгубив половина од душата“

Актерката повеќе од една година по неговата смрт првпат детално зборувала за тоа колку трагедијата ја погодила. Во интервју за „People“ го опишала Џенсен како свој единствен брат и рекла дека отсекогаш чувствувала дека треба да го штити.

– Кога го изгубив, чувствував како да изгубив половина од душата – рекла тогаш Хејден.

По неговата смрт тешко излегувала од дома, а дополнително ја погодило однесувањето на папараците кои ја фотографирале по погребот на брат ѝ. Зборувала и за силната емоционална и физичка реакција на тагата, како и за тоа дека ѝ било потребно време повторно да го пронајде чувството на сигурност и силата за враќање во секојдневниот живот.

Хејден во својата автобиографија „This Is Me: A Reckoning“, објавена во мај 2026 година, повторно го опишала моментот кога дознала за смртта на брат ѝ. Татко ѝ ѝ се јавил и ѝ кажал дека Џенсен е мртов. Во првиот момент не знаела што се случило и се обидувала да најде објаснување за неговото ненадејно заминување.

Години по трагедијата не криела дека болката не исчезнала. Во едно од своите најемотивни признанија рекла дека поради смртта на брат ѝ „секогаш ќе биде скршена“ и дека неговата загуба никогаш нема целосно да може да ја преболи.

Неговото заминување така остана една од најголемите рани во животот на Хејден Панетијер. Сега, ттри години откако го загуби својот помлад брат, и самата актерка почина, оставајќи зад себе кариера одбележана со големи успеси, но и животна приказна во која семејната трагедија и загубата оставиле длабока трага.

Поврзани содржини