ПОДДРШКА ЗА НАШИТЕ ШАМПИОНИ ВО РОБОТИКА Македонскиот тим ќе оди на светската роботска олимпијада на Крит

Водени од страста за роботиката и програмирањето, како и од желбата за што подобро претставување на нашата држава, тие се насочени кон повторување на големиот успех од минатата година кога во конкуренција од 1450 тимови во 19 категории освоија прво и второ место и награда за најдобра презентација.

83

Марко, Стефан, Павел, Неда, Анастасија, Јаков и Андреј пред многубројна публика на донаторската вечер што се одржа во локалот „Beer Garden” во скопско Дебар Маало, ги претставија роботските креации со кои ќе учествуваат на Глобалната светска роботска олимпијада MRC Global Olympiad што од 11до14 април ќе се одржи на Крит, Грција.

Водени од страста за роботиката и програмирањето, како и од желбата за што подобро претставување на нашата држава, тие се насочени кон повторување на големиот успех од минатата година кога во конкуренција од 1450 тимови во 19 категории освоија прво и второ место и награда за најдобра презентација.






Минатата година децата беа во конкуренција со тимови од САД, Кина, Јужна Кореа, Турција, Катар, Франција, Русија, Бразил и уште 27 други земји.

Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини