ПОЧНА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ПОСТ Ќе трае 7 недели, до 12 април

Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино. Риба се јаде само на Благовец и на Цветници. На Лазарева сабота се јаде икра.

309

За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се прославува на 12 април.

Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Се нарекува Четириесетница затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страсна седмица.






Севкупно Велигденскиот пост ги опфаќа Четириесетницата и Страсната седмица.

Велигденскиот пост нема свој постојан датум, туку зависи од определениот датум на Велигден. Тој е негова претходница и подготовка.

Велигден е празник на Воскресението и на Животот.

Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино. Риба се јаде само на Благовец и на Цветници. На Лазарева сабота се јаде икра.

Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање.

Поврзани содржини