ПОЧИНА МОМЧЕТО ОД ВОЛКОВО КОЕ ГО УДРИ СТРУЈА НА ВАГОН-ЦИСТЕРНА Им подлегна на тешките повреди по два дена борба за живот

Од комплексот клиники „Мајка Тереза“ потврдија дека и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17-годишниот пациент со изгореници и други тешки телесни повреди.

518

Почина 17-годишното момче од Волково кое во четвртокот беше погодено од струен удар на вагон-цистерна во Кисела Вода.

Од комплексот клиники „Мајка Тереза“ потврдија дека и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17-годишниот пациент со изгореници и други тешки телесни повреди.






„Пациентот беше примен преку Ургентниот центар, во четвртокот попладне, а третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и од торакална хирургија во единицата на интензивна нега, а во комуникација со реномирани странски центри од соодветната област, земајќи ги во предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително тешка здравствена состојба“, соопшти Клиничкиот центар.

Тинејџерот доживеа струен удар додека беше качен на вагон, кој се запали.

 

Поврзани содржини