По скандалозниот развод од Џони Деп, Амбер Херд стана мајка (ФОТО)

507

Амбер Херд, поранешната сопруга на холивудската ѕвезда Џони Деп, синоќа откри на Инстаграм дека станала мајка.

Извори блиски на актерката откриле за „Пејџ сикс“ дека сурогат-мајка ѝ ја родила ќерката.






„Многу сум возбудена што ја споделувам оваа вест со вас. Одлучив да имам дете пред четири години. Сакав да го направам тоа под мои услови”, напишала Амбер откривајќи дека својата ќерка ја нарекла Оонаг Пејџ, и дека се родила на 8 април.

„Таа е почеток на остатокот од мојот живот“, додала во објавата.

Амбер напишала и дека се надева дека работите во општеството ќе станат нормални, дека бракот нема да биде услов за да имаш дете.

Џони Деп и Амбер Херд имаа краток, но многу турбулентен брак. По непријатниот развод, и двајцата се тужат еден на друг, изнесувајќи „валкани“ работи од нивната токсична врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини