ПЛИТКИ ФИНТИ ИЛИ ПРЕСВРТ ВО СДСМ? Лукаревска вели дека ДУИ заслужува да биде „длабоко во опозиција“

Пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ бара од надлежните институции да постапат соодветно за изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

637

За последните изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и најавите за протести, СДСМ оценува дека правото на протест е загарантирано и тука нема дилема, вели пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска.

Сепак, додава таа, општа констатација и перцепција е дека откако ДУИ е во опозиција, слушаме за шатори пред Уставниот суд или имаме одредени изјави за можни немири, а  најнова е најавата за некакви протести, односно, дека ќе се приклучат на протестите на родителите на настраданите во Кочани.






– Ако е така, кога дојдоа родителите пред Собранието, тие ги повикуваа пратениците од опозицијата да се приклучат кон нив. ДИ имаат пратеничка група. Зошто не излегоа тогаш да дојдат и да го слушнат гласот и бесот и да сочувствуваат со нивната мака, туку мора отпосле да се даваат едни вакви изјави? ДУИ ако се смета за една проевропска партија, тогаш треба да ги сметаме за прагматични и мудри политичари – со вакви наративи и изјави мислам дека ќе останат длабоко во опозиција. Заслужуваат да останат длабоко во опозиција затоа што на овој народ му е доволно од пречките кои што ги имаме меѓу политичари од различни партии, а како капак на ова да слушаме дека ќе има протести затоа што некој смета дека веќе не е на власт и не може да ги влече конците како што беше претходно – рече Лукаревска во гостување на Канал 5.

Според неа, не може само СДСМ да ја плати цената на нивното однесување, а ДУИ да повикува на протести и дека ако излезат еднаш на улица, нема да се вратат назад. Пратеничката бара од надлежните институции да постапат соодветно за изјавите на Ахмети.

Поврзани содржини