ПЕЗЕШКИЈАН АПЕЛИРА ЗА КРАЈ НА ВОЈАТА СО САД Иран да ја искористи силната позиција

Подобро е да ѝ ставиме крај на војната сега, додека сме во силна позиција и со зачувано достоинство, односно додека целиот свет ја признава нашата победа, порача иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

0

Време да се стави крај на војната со САД додека Иран се наоѓа во силна позиција, порача иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

– Подобро е да ѝ ставиме крај на војната сега, додека сме во силна позиција и со зачувано достоинство, односно додека целиот свет ја признава нашата победа и нагласува дека САД ги напаѓаат нашите училишта, болници и инфраструктура, прекршувајќи ги сите правила – изјави Пезешкијан за време на средбата со медицински работници.






Воениот конфликт меѓу САД и Иран почна на 28 февруари со американско-израелски напади врз Исламската Република, на кои Техеран одговори со ракетни и воздушни удари врз Израел и врз американските бази во регионот на Блискиот Исток.

На 7 април беше договорен прекин на огнот, а во јуни Вашингтон и Техеран потпишаа меморандум за решавање на конфликтот. Сепак, договорот во меѓувреме се распадна, па на 7 јули борбените дејства беа повторно обновени.

Преговорите за траен мир оттогаш се наоѓаат во застој, а едно од главните спорни прашања останува Ормускиот Теснец – Иран инсистира на укинување на американската блокада и на санкциите, додека Вашингтон бара целосно слободна пловидба низ овој стратешки поморски пат.

Поврзани содржини