„PEUGEOT SPORT“ ДОБИ ЕКОЛОШКО ПРИЗНАНИЕ СО ТРИ ЅВЕЗДИ ОД „FIA“ Голем успех за групацијата „Stellantis“ во заштитата на животната средина

„Peugeot“ станува првиот производител на автомобили во WEC одборот, кој ја добил престижната еколошка оцена на FIA!. Сите тимови на „Stellantis Motorsport“, кои напорно работеа на изработување на ефикасни стратегии за намалување на влијанијата врз животната средина.

114

Исто како и „Fédération internationale de l’Automobile“ (Меѓународната федерација на автомобили – FIA), групацијата „Stellantis“ работи напорно неколку години на глобалните влијанија врз животната средина. Како дел од оваа заложба, на „Peugeot Sport“ му беше доделен еколошки сертификат со три ѕвездички од „FIA“: првиот производител на автомобили на светскиот шапионат на трките за издржливост на „FIA“ кој го доби ова признание.

Еколошката акредитација со три ѕвезди ја доделува „FIA“ на организации кои се залагаат за заштита на животната средина, намалување на емисијата на јаглерод и воспоставување одржливи практики во автомобилскиот свет. Ова признание доаѓа по ригорозниот процес на евалуација управуван од „FIA“, кој разгледува голем број различни критериуми. Најновата сертификација на „Peugeot Sport“ е дел од целокупната глобална политика на групацијата Stellantis кога станува збор за енергетска транзиција.






Откако ја доби „Low Carbon Award“ („Наградата за ниска емисија на јаглероден диоксид“) на „WEC“ минатата година, „Peugeot Sport“ дополнително ја истакна важноста на развивање на своите еколошки иницијативи. Ова признание на „FIA“, совршено се вклопува во стратегијата на групацијата „Stellantis“ за намалување на стакленичките гасови, утврдена во планот „Dare Forward“ кој има за цел да се постигне јаглеродна неутралност до 2038 година.

„FIA“ го истакна воспоставувањето и спроведувањето на план за намалување на стакленички гасови, како и оптимално управување со потрошувачката на енергија и осветлувањето. Но, „Stellantis Motorsport“ не застанува тука и веќе ја планира следната ревизија….

– За да ги постигне своите цели, Stellantis Motorsport се ангажира со сите свои соработници да дискутираат и разменуваат идеи за климатските предизвици: што им помага на сите да разберат повеќе за нивното лично влијание и глобалното влијание на нивниот спорт. Свеста за овие работи е особено висока во мотоспортот, бидејќи спортот е на врвот кога станува збор за развој на добри практики и намалување на емисиите, како и еволуција на технологии насочени кон поодржлива мобилност – велат од „Peugeot Sport“.

– По добивањето на оцената од „FIA“ со три ѕвездички за нашата активност во 2023 година, наградата за ниска емисија на јаглерод за „Peugeot Sport“ во „WEC“ и наградата за одржливост на „DMSB“ на „Opel Corsa e-Rally Cup“, денес се стекнуваме со уште едно важно еколошко признание што претставува гордост за целиот „Stellantis Motorsport“. Овие сертификати го нагласуваат нашиот ангажман и придонес во рамките на планот „Dare Forward” на Stellantis Group, каде што мотоспортот е истакнат момент. Сето ова е важно за нашите сегашни и идни партнери, кои се поистоветуваат со нашите напори со цел за подобрување на сопствените еколошки перформанси и обврски. Сите заедно го даваме нашиот придонес за развојот на безбедна и обновлива мобилност, поради што сме ѝ сите тука – вели Жан-Марк Финот од „Stellantis Motorsport“.

Поврзани содржини