Пациентите со ковид-19 смеат да лекуваат заби во посебна амбуланта на Стоматологија

Во посебна, специјализирана амбуланта од минатиот месец почнавме да примаме и пациенти со ковид-19. За потребите на сите оддели набавивме дополнително и кварцни ламби, со коишто неколку пати дневно се врши дезинфекција во салите. Работат сите оддели - за дентална стоматологија, протетика, орална хирургија. Во функција се и операционите сали. Но, пациентот пред операција на заб, согласно протоколот, мора да направи ковид-тест. Тој е неоходен за секоја интервенција која трае повеќе од 45 минути - изјави директорката Цана. 

1,043

Лицата заразени со коронавирусот коишто имаат неопходна потреба од стоматолошка услуга, од неодамна можат да ги лекуваат или вадат забите во ковид-амбуланта во Стоматолошкиот клинички центар  „Свети Пантелејмон“ во Скопје. За заштита и безбедноста на другите пациенти и вработени, ковид-амбулантата е со посебен влез, а таму на преглед се доаѓа исклучиво со закажување по телефон. Кој стоматолог ќе работи со пациент кој е инфициран со корона, определува азбучниот ред – според презимето на лекарот.

Уште на самиот влез во овој клинички центар, на сите пациенти коишто задолжително со маски влегуваат во оваа установа, им се мери телесната температура, по што пополнуваат прашалник.






Директорката на Стоматолошкиот клинички центар, д-р Амела Цана, вели дека во оваа здравствнена установа се применуваат сите мерки за заштита од вирусот, како на пациентите, така и стоматолозите и на другите вработени.

– Во посебна, специјализирана амбуланта, од минатиот месец, почнавме да примаме и пациенти со ковид-19. За потребите на сите оддели набавивме дополнително и кварцни ламби, со коишто неколку пати дневно се врши дезинфекција во салите. Работат сите оддели – дентална стоматологија, протетика, орална хирургија. Во функција се и операционите сали. Но, пациентот пред операција на заб, согласно протоколот, мора да направи ковид-тест. Тој е неоходен за секоја интервенција која трае повеќе од 45 минути – изјави директорката Цана.

Таа нагласува дека сите стоматолози во центарот и другите вработени се опремени со комплетна заштитна опрема.

– Пружањето на стоматолошки услуги се врши во две смени, според усвоени протоколи прилагодени на општата состојба. Задолжително е мерењето температура, дезинфекција на раце и чевли при влез на секој пациент, пополнување анкетен лист, целосна дезинфекција пред и по завршувањето на стоматолошката  интервенција – додава д-р Цана.

На одделите се настојува пациентите да не седат еден до друг, за меѓу нив да ја има задолжителната дистанца, бидејќи се уште нема паравани помеѓу стоматолошките столови.

Специјализираната ковид -19 амбуланта е со посебен влез, физички потполно издвоен од останатите здравствени простории, а со неа раководи стоматолог. Приемот на пациенти позитивни на ковид-19 се врши исклучиво со закажување на телефон (по претходна препорака на матичен лекар) и уредна документација за утврдена дијагноза како и заштитна опрема (маска и ракавици).

На Стоматологија, според надлежните,  не е во фукнција единствено ординацијата за лекување заби на деца со посебни потреби, поради зголемениот ангажман на колегите анестезиолози на инфективните одделенија.

Поврзани содржини