ПАЃААТ КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ Еве за колку се намалија во март
Овој месец, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,77% и е пониска за 0,05 п.п. на месечно ниво, додека кај домаќинствата таа изнесува 5,51% и оствари месечно намалување од 0,02 п.п.
Трендот на намалување на каматните стапки на кредитите продолжува и во март, покажуваат податоците на Народна банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во март бележи годишен пад од 0,35 п.п. и изнесува 5,15%.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во март, изнесува 4,26% и оствари месечен и годишен пад од 0,37 п.п. односно 0,72 п.п..
Овој месец, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,77% и е пониска за 0,05 п.п. на месечно ниво, додека кај домаќинствата таа изнесува 5,51% и оствари месечно намалување од 0,02 п.п.
Кај депозитите во март е забележан годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 п.п., при што во март таа изнесува 2,18%.
Овој месец, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 2,12%, но кај корпоративниот сектор каматната стапка на вкупните депозити е намалена за 0,06 п.п. и изнесува 2,65%.