ЃОКОВИЌ ЗАГУБИ УШТЕ ПРЕД ДА СЕ ЗАГРЕЕ Србинот е елиминиран во Мадрид
Арналди ((АТП-44.) до својата втора победа во кариерата во дуели против пет најдобро рангирани тенисери дојде за 101 минути, елиминирајќи го рекордерот според освоени грен – слем титули со 6-3 и 6-4.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-5) уште на стартот го заврши настапот на АТП Мастерс турнирот во Мадрид, откако попладнево загуби од Италијанецот Матео Арналди со 2-0 во сетови.
Арналди ((АТП-44.) до својата втора победа во кариерата во дуели против пет најдобро рангирани тенисери дојде за 101 минути, елиминирајќи го рекордерот според освоени грен – слем титули со 6-3 и 6-4.
Ѓоковиќ го почна настапот на Мастерсот во Мадрид од второто коло, а за него ова беше трет последоватен пораз по елиминациите во Монте Карло и Мајами.
Противник на Арналди во следното коло на Мастерсот во Мадрид ќе биде босанскиот тенисер Дамир Џумхур, кој со 2-1 во сетови го совлада Аргентинецот Себастијан Баез.