ОГНЕНАТА СТИХИЈА СЕ ДВИЖИ КОН ПРВИТЕ КУЌИ НА СТРУМИЧКИТЕ СЕЛА ВОДОЧА И БАНИЦА Ангелов ги повика и пожарникарите од Валандово и од Радовиш

Според првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, сериозен пожар е активен и на подрачјето на Општина Студеничани, каде огнената стихија се движи кон планинското село Цветово и претставува закана за објект во кој, најверојатно, има трло.

2

На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Тој посочи дека во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион.






– Најалармантен е пожарот во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча, кој се заканува на куќите од првиот ред. На терен се пожарникарите од Струмица, а побарав и итна помош од противпожарните екипи од Валандово и Радовиш – изјави Ангелов.

Според него, сериозен пожар е активен и на подрачјето на Општина Студеничани, каде огнената стихија се движи кон планинското село Цветово и претставува закана за објект во кој, најверојатно, има трло.

Ангелов информира дека активен е и пожарот во атарот на тетовското село Церово во Општина Желино, кој избувнал вчера и се шири кон ридскиот предел.

– Гори неквалитетна шума, грмушки и трња, но постои опасност да бидат зафатени и лозовите насади во овој реон. Разговарав со командирот на ТППЕ Тетово, кој ќе испрати дополнителни екипи за заштита на лозјата и околниот имот – рече директорот на ДЗС.

Тој наведе дека нови пожари се регистрирани и во атарот на селото Тајмиште во кичевско, кај селото Ломница во Општина Врапчиште, како и во Општина Маврово и Ростуше, каде на терен интервенираат припадници на ДЗС, пожарникари и локално население.

Во прилепскиот регион, според Ангелов, активни се пожари во атарите на селата Маџуниште, Коњаре и Бонче, при што пожарот кај Бонче е дел од поголемиот мариовски пожар.

– Добра вест е што мариовскиот пожар е речиси целосно изгаснат и останува активен само кракот кон Бонче. Утрово таму ги упативме тимовите за брз одговор на ДЗС, составени од доброволци од Битола, Кочани и Виница – изјави Ангелов.

Поврзани содржини