Одбележана 40-годишнината од формирањето на ЕСЗ „Тигар“, сега преименувана како Специјална антитерористичка единица
Во Касарната „Илинден“ денеска, со положување на цвеќе на споменикот на загинатите борци, подигање на новото знаме, доделување на плакети и прикладни говори од страна на високи функционери, беше одебележана 40-годишнината од формирањето на Единицата за специјални задачи „Тигар“, сега преименувана како Специјална антитерористичка единица „Тигар“.
– Денеска Специјалната антитерористичка единица, популарно позната како „Тигар“, одбележува 40 години од своето постоење. Тоа е сериозна годишнина достојна за прослава со сите највисоки почести бидејќи САЕ денес е синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и високиот насилен криминал. Синоним за професионалност, за максимална храброст и подготвена да се спротивстави на каков и да е предизвик со кој е доведена во прашање безбедноста на земјата и граѓаните – истакна премиерот Зоран Заев на церемонијата.
Тој нагласи дека за разлика од сите досегашни јубилеи, годинава, оваа значајна годишнина е посебно брендирана со нашето полноправно членство во НАТО од што произлегуваат и заедничките безбедносни интереси со сите со земјите членки.
– Почитувани припадници на Специјална антитерористичка единица – „Тигар“, ви го честитам јубилејот. Оваа свеченост и вашата едница денеска испраќаат силна порака дека Република Северна Македонија има капацитетни формации и добро подготвен и функционален систем на национална безбедност за борба против сите облици на криминал, а особено за борба против тероризмот – посочи Заев.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потенцираше дека денешното одбележување на датумот 13 март има своја исклучителна посебност и тоа од две причини.
– Она што сакам да го потенцирам е уверувањето коешто всушност сите ние го споделуваме, дека ваквата специјална полициска служба е еден од најсложените, но и ексенцијалнот сегмент во безбедносниот систем на МВР. И во тој контекс неопходно е оваа единица секогаш да биде како што кажаа во своето богато минато целосно подготвена, крајно ефикасна, технички и кадровски екиопирана речиси до перфекција, а сето тоа во името на специфичните задачи што пред неа се поставуваат во секојдневното работење. Тоа е цел и мотив којшто постојано и упорно мора да тежнееме и тоа не декларативно, туку конкретно со дело, со активности идентични на се што заедно пореземавме во последните четири години – посочи министерот за внатрешни работи.
Тој нагласи дека низ годините наназад, преку секојдневите и пред се успешни активности, Единицата достигнуваше и воспоставуваше нови и високи стандарди етаблирајќи се како суштински дел од полицискиот систем на функционирање, факт што мора да се почитува, но и обврска да се одржува тој факт таков каков што е.
– Овој период од четири децении за единицата не беше ниту едноставен, ниту мирен, беше период на бурни случувања во кој нашата држава и нашиот народ, а со нив и нашата единица се соочуваа со многу предизвици и искушенија, воени конфликти во земјата и регионот, непрекинатата борба против терористичките закани и организираните криминални групи, но во исто време тоа беше и период на постојан развој на единицата, на модерницазија и професионализација, период на интензинва обука, развој успеси и признанија, период на траснформација и реорганизации претрпи последната година. Последната реорганизација направена на почетокот на оваа година за исполнување на потребните безбедносни стандарди што произлегуваат од членството во НАТО Алијансата во овој процес единицата изврши зајакнување на кадровскиот и техничкиот потенцијал, притоа акцентот е ставен на на модуларноста на специјализираните тимови, како и на специјалностите на секој припадник поединечно, нагласи командантот на САЕ „Тигар“ Митко Даневски.
Тој истакна дека во изминатиот период со голема поддршка на раководството на МВР успеале да изградат стратешки капацитети за функционирање на Единицата, организирале селективни курсеви за надополнување за професионалниот кадар и ја интензивирале обуката за специјалните тимови, а воедно ја зголемиле и соработката со сродните единици на регионално и меѓународно ниво.