ОД ДЕНЕСКА СКОПЈЕ Е СЛОБОДЕН, ОТВОРЕН И ДОСТАПЕН ЗА СИТЕ! Орце со цвеќе ја презеде функцијата од Данела

„Од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град. Поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати“, напиша градоначаникот Орце Ѓорѓиевски, на својот профил на Фејсбук. Тој рече дека наредил да се тргнат рампите од влазот во кругот на бараките на градскаата администрација.

1,536

Со букет во рака, денеска новиозбраниот градоначаник на Скопје Орце Ѓеоргиевски ја презеде официјално должноста од својата претходничка Данела Арсовска. По протоколарниот разговор, кој траел помалку од еден час, новиот градоначаник даде изјава во која најави дека уште вечерва во 20:30 часот, почнува акција за темелно чистење на градот.

– Појдовната точка ќе ни биде паркингот пред спортската сала Борис Трајковски. Во следните 72 часа ќе дадеме сè од себе да блесне градот, онака како што ветив. Во следните 72 часа ќе го исчистиме секој агол, секоја улица, секој запуштен простор. Скопјани повеќе нема да живеат во запуштеност ќе живеат во град достоен за нив – рече Ѓорѓиевски.






Тој најави дека во чистењето ќе биде вклучена механизација на „Комунална хигиена“, но и камиони од другите градови. Покрај чистењето, ќе се мијат и улиците, но и кејот и на плоштадот „Македонија“.

За наредните денови тој најави средба со приватните превозници, за да се вклучат уште 60 автобуси во јавниот превоз.

Како приоритетни проекти ги најави тие кај клучката Момин Поток, проширување на улицата „Борис Трајковски“ во булевар и доградба на мостовите во Карпош 4 и во Аеродром, проекти што се почнати во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов, а во мандатот на Арсовска не беа довршени.

Новиот градоначалник рече дека ќе следи ревизија за работењето на сите јавни претпријатија, како и за Градот Скопје.

Во својата објава на Фејсбук Ѓорѓиевски рече дека „од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град“.

Тој информира дека се отстранети рампите од влезот во кругот на локалната администрација, „Скопје повеќе нема да биде затворен град, сега е отворен и за медиумите и за сите граѓани!

Поврзани содржини