ОБНОВЕНО Почина пешакот удрен од „тојота“ во центарот на Кавадарци
По укажаната прва помош од наша страна на лице место, повредениот беше префрлен во Ургентниот центар при кавадаречката болница. По првичните медицински согледувања и интервенции, бил препратен на скопските клиники, информираат од кавадерчката болница.
Пешакот кој синоќа се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило починал во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, информираат утрово од МВР за МИА, пренесувајќи детали за сообраќајната несреќа во новиот центар на градот.
– Синоќа во 20.55 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од улица Никола Минчев и булеварот Македонија во Кавадарци, патничко возило „тојота ланд крузер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кавадарци удрило во П.Ч.(83) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.Ч. и бил пренесен во Општата болница Кавадарци, а подоцна и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 00.05 часот починал – соопштија од МВР.
Претходно известивме дека повозрасен кавадарчанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа, додека се движел пеш, синоќа околу 21 часот, во делот кај новиот центар на Кавадарци.
Оваа информација утрово ја потврди за МИА, доктор Мирослав Нерков од кавадаречката Итна медицинска помош.
– Имаше повреди на повеќе места од главата и телото. По укажаната прва помош од наша страна на лице место, повредениот беше префрлен во Ургентниот центар при кавадаречката болница. По првичните медицински согледувања и интервенции, бил препратен на скопските клиники – информираше Нерков.