НОВИ СПОРТСКИ ТЕРЕНИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО СКОПЈЕ Подлогата е од тип што се користел на Олимписките игри во 2024 година

Новите терени имаат издржливи полипропиленски подови, за кои градоначалнокот вели дека се од тип користен и на Олимписките игри во 2024 година. Градоначалникот најави продолжување на инвестициите во спортската инфраструктура.

0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеоргиевски, преку објава на Фејсбук информираше за новите спортски терени наменети за средношколците. Тој истакна дека создавањето современи и безбедни услови за спорт е важна инвестиција во младите.

„Посебна гордост е кога визијата што ја имаме за младите добива вистинска форма и станува реалност“, напиша Ѓорѓиевски.






Градоначалнкот посочи дека новите терени се изведени со висококвалитетни и издржливи полипропиленски подови, од ист тип како оние што се користеле на Летните олимписки игри во 2024 година, што овозможува поголема безбедност и професионални услови за тренинг, игра и натпреварување.

Ѓеорѓиевски нагласи дека спортот создава дисциплина, самодоверба, истрајност, тимски дух и силен карактер, поради што, како што наведува, ќе продолжи развојот и унапредувањето на спортската инфраструктура во училиштата и низ целото Скопје.

Поврзани содржини