НОВИ КОЛЕКЦИИ НА НОВО МЕСТО Fashion group отвори модерни продавници во East Gate mall
Еден од омилените брендови на жените „Mанго“ овојпат со двојно засилување: машка и детска колекција. Пристигна и машката колекција со потпис на „Mango“, како една од најсофистицираните во Европа изминатите неколку години.
Вистински празник за љубителите на модата денеска се случува во продавниците на Fashion Group во East Gate Mall. Точно во 10 часот започна шопинг авантурата на познатите личности, инфлуенсерите и лојалните купувачи од „Okaidi“ во присуство на Црвениот крст на Град Скопје и нивните штитеници, потоа следеше сечење лента во „Parfois“, брендот „Springfild“, „Timberland“, со музичка забава „Fashion & Friends“ точно напладне, „Mango“ и новиот италијански бренд за мажите „Dan John“.
– Секоја наша продавница е со нов модерен изглед според светски стандарди, затоа претставува и предизвик за секој наш лојален купувач. Сите колекции се внимателно одбрани за да се задоволат вкусовите на модните „зависници“. Ги покануваме сите да бидат дел од нашите модни приказни – истакна Јордан Колевски, маркетинг менаџер во Fashion Group.
Јордан Колевски, маркетинг менаџер во Fashion Group
Посетителите имаа можност во продавницата на машкиот италијански бренд „Dan John“ да уживаат во настапите на познати машки танчери во стилот на „Great Gatsby“, преку кои ја претставија софистицираната колекција, проследена со многу изненадувања за новите купувачи.
– Еден од омилените брендови на жените „Mанго“ овојпат со двојно засилување: машка и детска колекција. Ако се двоумевте каде да ги набавите сите парчиња облека во неутрални бои за најмалите, тогаш веруваме дека тоа ќе го сторите во детското катче во продавницата на „Mango“ во East Gate Mall. Подеднакво возбудливо е пристигнувањето и на машката колекција со потпис на „Mango“, како една од најсофистицираните во Европа изминатите неколку години. Со заокружување на сите три колекции на брендот, веројатно вашето семејство ќе биде постилско од кога и да е – додаде Колевски.
Fashion Group најавува отворање продавница на уште еден познат светски бренд за шминки, „Kiko Milano“, на 10-ти ноември.