НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ Еве што поевтинува, а што поскапува
Регулаторите одлучија да не ја променат цената на маслото за горење и таа останува 65 денари а литар.
Регулаторната комисија за енергетика одлучи дел од горивата да ги поскапи бензините, а да ја намали цената на дизелот и мазутот.
Според одлуката, малопродажните цени на бензините „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ се зголемуваат за 0,50 денари по литат и од полноќ ќе изнесуваат 73,50, односно 75,50 денари по литар.
Малопродажната цена на дизелот се намалува за 0,50 денари по литар и ќе изнесува 64,50 денари.
Регулаторите одлучија да не ја променат цената на маслото за горење и таа останува 65 денари а литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,592 денари по килограм и изнесува 35,450 денари.