Нов протест закажан за утре поврзан со случајот „Монструм“
Инаку за потсетување последниот протест беше насилен и беа повредени седум полицајци, а притоа приведени беа осум лица, од кои тројца веќе ја признаа вината.
За утре е закажан уште еден протест против пресудата за обвинетите во случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковско Езеро.
– Со почеток од 13.30 часот најавен е протест, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата на Владата на Република Северна Македонија. Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици: делови од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, како и бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, дел од ул.„Филип Втори’, дел од булеварите „Илинден“, „ВМРО“ и „Климент Охридски“ – се вели во соопштението од МВР.
Од министерството исто така апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Инаку за потсетување последниот протест беше насилен и беа повредени седум полицајци, а притоа приведени беа осум лица, од кои тројца веќе ја признаа вината.