НОРВЕШКА АВИО-КОМПАНИЈА ПРЕД БАНКРОТ Ги запре сите летови, откако на берзата акциите ѝ паднаа за 85%

Авиокомпанијата со седиште во Арендал веќе отпушти 75 вработени во мај како дел од планот за намалување на трошоците од 50 милиони долари.

0

Норвешката авиокомпанија Норс Атлантик денес ги суспендираше сите летови и објави можност за банкрот поради тешка финансиска состојба, откако вредноста на нејзините акции на берзата во Осло падна за 85% за еден ден.

Менаџментот на компанијата изјави дека се обидува да обезбеди краткорочно финансирање за да обезбеди ликвидност.






Доколку не најде итно извор на финансирање, фирмата има намера да поднесе барање за банкрот, а во исто време предупредува дека постигнувањето одржливо решение е неизвесно.

Компанијата еден ден претходно предупреди дека нејзината финансиска состојба е критична и дека зависи од обезбедување дополнителни парични средства за краткорочни операции.

Во исто време, Норс Атлантик води разговори со потенцијални партнери за можно стратешко преземање, како и за краткорочно финансирање.

Авиокомпанијата со седиште во Арендал веќе отпушти 75 вработени во мај како дел од планот за намалување на трошоците од 50 милиони долари.

Компанијата, исто така, го намали обемот на работење во текот на оваа година поради продолжениот период на високи цени на авијациското гориво.

Поврзани содржини